Петков: Апсењето на Борисов покажа дека никој не е над законот

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видеопорака лиферувана од прес-службата на бугарската Влада, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, и ПР агентката на Борисов, Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во пораката кажува дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој запраша каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.

-Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени, додаде Петков.

Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во Националната полиција поради што беше одложена владината седница.

Претседателот на Бугарија Румен Радев од Стара Загора каде што е во посета коментираше дека не се меша во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека судот не донесе одлука.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе