Петровска: По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот на „Боемска“

Кривични пријави најави дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот со угостителниот обект на улицата „Боемска“ во Скопје. Кривични се најавени како за правното лице во кој е вршена инспекцијата, а која првично била попречувана, но и за лицата кои се наоѓале во објектот во тој момент. Сите четири лица кои биле присутни таа вечер во објектот се идетификувани, според искази на очевидците, а едниот од нив како што веќе и е познато на јавноста бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кривична пријава за попречување службени дејствија и непочитување на мерките на Владата ќе биде поднесена од страна на МВР за угостителскиот објект на улицата „Боемска“ во Скопје по комплетирање на доказите и утврдување на одговорност, соопшти денеска  на прес-конференција Петровска.

Таа информираше дека на 3 јуни инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење на вонреден инспекциски надзор во угостителските објкети кои се сместени на улицата „Боемска“, дали ги спроведуваат мерките за спречување на ширење на вирусот COVID-19, биле попречени, односно не им било дозволено да го извршат надзорот во внатрешниот дел на  еден објект.

– При обидот да се изврши надзор во угостителскиот објект Чардак од страна на вработени во  внатрешниот дел на објектот на инспекторите не им било дозволено со образложение дека немаат клуч од тој дел. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале на другите објкети забележале дека токму од внатрешноста излегуваат неколу лица. Потоа тие се вратиле во објектот и инсистирале да им биде овозможено да се изврши надзорот согласно законските прописи, истакна Петровска.

МВР преку јавување на еден од очевидците упатува полициски службеници на местото на настанот.

– По пристигнувањето на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на објектот, истото го отворило горниот кат, поточно винаријата Чардак при што инспекторите извршиле увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови, чаши и остатоци од храна, на што упатувало тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого, појасни дополнителната заменик министерка.

Информираше дека бил известен јавен обвинител од кого е добиена дозвола за одземање на уредот за снимање на безбедносните камери во објектот.

– По добиената наредба за одземање присутниот сопственик дал исказ дека дивидијарот бил украден, но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација на судија во претходна постпака добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес на објектот најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот со наредба е одземен. Согласно наредбата од јавниот обвинител во моментов се врши негово всштачење со цел да се утврди, односно потврди присуството на лицата во објектот, истакна Петровска.

Според неа, во непосредна близина на објектот како и во самиот објект забележани биле полициски службеници, кои по опис на своите работни места не требало да бидат присутни таму и дека тоа предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед на тоа дека станува збор за фреквентно место повикани биле полициски службеници од единицата за брзо распоредување, како превентивно обезбедување на просторот.

– Ова е случај кој говори за свеста и совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат мерките за заштита. Ова не е политички случај. Ова е настан во кој се сторени кривични дела и заради тоа по комплетирањето на доказите ќе биде поднесена кривична  пријава односно кривични пријави против сите кои тоа го сториле, истакна Петровска и додаде дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста и кривична за која ќе суди судот.

Од исказите на очевидците, истакна Петровска, идентификувани се сите четворица присутни во внатрешноста  на објектот.

– Притоа, значи мислам на очевидци вработени во објектот и по потврдувањето на снимките нивните имиња ќе бидат соопштени. Можам да потврдам дека едно од лицата е поранешен функционер во Владата, односно во МВР и еден е полициски службеник. Поранешниот функционер е актуелен полициски службеник, припадник на Министерството, додаде Петровска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе