Pfizer: Бустер дозата обезбедува заштита од омикрон

МИА/КАЈГАНА
/ 08.12.2021 / 16:09

Компанијата Pfizer денеска соопшти дека бустер дозата на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од сојот омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни.

Pfizer и неговиот партнер BioNTech соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против oмикрон за 25 пати.

Компаниите веќе работат на правење вакцина против oмикрон во случај да има потреба.

Научниците шпекулираат дека високиот скок на антителата што се појавуваат со третата доза на анти-ковид вакцини може да биде доволен за да се спротивстави на секакво намалување на ефективноста на вакцините.

Нивото на антитела покажува колку добро вакцината може да спречи инфекција со коронавирус, но тие претставуваат само еден слој од одбраната на имунолошкиот систем. Pfizer соопшти дека две дози вакцини сè уште можат да создадат заштита од тешка форма на болеста.

– Иако две дози вакцина може да обезбедат заштита од тешка форма на болеста предизвикана од сојот омикрон, од овие прелиминарни податоци е јасно дека заштитата е максимизирана со третата доза од нашата вакцина, рече извршниот директор на Pfizer Алберт Бурла во соопштението. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе