Пике гласаше на референдумот, Чави даде поддршка од Катар

Денеска во Каталонија се одржува референдум за независност на шпанската покраина, наспроти забраната на шпанската Влада и на Уставниот суд.

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике никогаш не ги криел неговите политички ставови и меѓу првите ја поддржа одлуката за одржување референдум.

Додека полициските специјалци се обидуваат да го спречат одржувањето на референдумот, на многу гласачки места граѓаните изглегоа да гласаат.

Меѓу нив е и Пике, кој во Барселона ја изврши својата граѓанска должност.

„Гласав. Заедно сме незапирливи во одбрана на демократијата“, порача тој на Twitter.

На референдумот гласаше и поранешниот капитен на Барселона Карлес Пујол , кој исто така преку Twitter јасно порача: „Гласањето е демократија“.

Легендарниот Чави, пак, преку видеопорака побара од шпанските власти да ги повлечат полициските сили и да ги пуштат луѓето да гласаат.

Шпанските медиуми објавија дека натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас што е на распоред во 16:15 часот морало да се одложи, бидејќи челниците на гостинскиот тим на дресовите го отпечатиле знамето на Шпанија во знак на поддршка на власта во Мадрид.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе