Пилоти заспале врз контролите на патнички авион, па летале во погрешен правец

Макфакс/Кајгана
/ 11.03.2024 / 15:59

Двајца индонезиски пилоти спиеле речиси 30 минути врз контролите на авион што летал за Џакарта со повеќе од 150 патници, покажуваат резултатите од истрагата, пренесуваат медиумите во регионот.

Пилотот и копилотот спиеле во исто време околу 28 минути за време на летот на авионот на компанијата Batik Air, кој на 25 јануари полета од градот Кендари во индонезиската југоисточна провинција Сулавеси до главниот град на оваа земја, Џакарта.

Спиењето на пилотите направило авионот да застрани од патеката на лет. Откако се разбудиле го вратиле на предвидената рута и успешно слетале во Џакарта.

За време на лет BTK6723 на авионот Airbus А320, кој траел 2 часа и 35 минути, немало повредени меѓу 153 патници и четворица стјуардеси, јавува Танјуг.

Истрагата открила дека двата пилота не биле одморени пред летот. Копилотот уште во кокпитот пријавил дека имал спиено „само околу половина час“. Но, уморен бил и пилотот кој побарал дозвола од копилотот да дремне. За несреќа, набрзо заспал и копилотот. Контролната кула од аеродромот во Џакарта 28 минути не можела да воспостави контакт со авионот, по што пилотот прв се разбудил и приметил дека авионот застранил од предвидената рута за летање.

Во извештајот од истрагата не се именувани двата пилота, но откриено е дека двајцата се Индонезијци од кои пилотот 32-годишен, а копилотот 28-годишен. Копилотот имал едномесечни близнаци поради кои многупати навечер се будел за да ѝ помага на сопругата.

Двајцата се суспендирани до завршување на дополнителната истрага.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Свет

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Катар евакуираше делови од Доха

Read more

Трамп ѝ даде функција на Ерика Кирк во Академијата за воздухопловни сили

Read more

Американската операција „Епски бес“ чинела 11,3 милијарди долари за шест дена

Read more
 

Вести

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе

Катар евакуираше делови од Доха

Читај повеќе

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Читај повеќе

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Читај повеќе

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Читај повеќе