Платини го тужи претседателот на ФИФА

Легендата на Франција и на Јувентус, Мишел Платини, покрена тужба против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за наводно незаконито влијание.

66-годишниот Платини, кој порано беше претседател на УЕФА, објави дека покренал правна постапка против челното лице на светската куќа на фудбалот. Платини го тужи и Марко Филигер, поранешниот директор на правни услуги во ФИФА, кој поранешната фудбалска ѕвезда го посочува како можен соучесник во „злоделата“.

Незаконитото влијание, или прекумерно влијание, се однесува на ветување или давање пари или други предности преку искористување на односите со јавен службеник или службеник во јавна служба.

Според La Gazzetta dello Sport, тужбата на Платини е поврзана со тековна истрага во Швајцарија каде се истражуваат наводни тајни состаноци помеѓу Инфантино и швајцарскиот јавен обвинител Михаел Лаубер помеѓу 2016 и 2017 година.

Лаубер беше на чело на истрагата во ФИФА помеѓу 2015 и 2019 година. Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Зеп Блатер, беа осудени за етички прекршоци и суспендирани од фудбалот до 2023 година по откривањето на скандалот со корупција во 2015 година, во време кога поранешната 10-ка на Јуве беше на чело на УЕФА.

Во времето кога Платини беше на чело на УЕФА генерален секретар на ова тело беше токму Инфантино.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе