Платини: Мбапе ќе го напушти ПСЖ кога ќе ја освои ЛШ

Со само 24 години Килјан Мбапе веќе е легенда на францускиот фудбал и многу време ќе пројде додека не се појави некој со нему слични квалитети, вели поранешниот капитен на француската репрезентација, славниот Мишел Платини.

Според зборовите на човекот што одбележа една ера на европскиот и светскиот фудбал и кој беше претседател на УЕФА, играч каков што е напаѓачот на ПСЖ тешко се наоѓа.

„Килјан Мбапе веќе е легенда на францускиот фудбал, како што е и Зинедин Зидан. Тој всушност е онаков каков што секој напаѓач би требало да биде. Брз, силен, одлично игра и со лева и со десна нога, а покрај тоа е многу интелигентен и умее да ја чита играта“, вели Платини.

Според зборовите на легендарниот француски фудбалер, Мбапе нема да се помири додека во дресот на ПСЖ не ја освои Лигата на шампионите.

„Мислам дека тоа ќе се случи, а кога ќе ја освои титулата европски шампион, тогаш веројатно ќе продолжи по друг пат. Кога тој ќе посака. Мислам дека неговата следна дестинација може да биде Шпанија или Англија, но кој знае, можеби еден ден ќе отиде и во САД“, смета легендарниот фудбалер, но и поранешен контроверзен претседател на УЕФА.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе