ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ФРАНЦИЈА 1998

Платини призна: Жрепката за Мундијалот '98 беше наместена

Француската легенда и поранешен прв човек на УЕФА вели дека распоредот за Мундијалот во Франција во 1998 година бил наместен за да се обезбеди финале на домаќинот против Бразил.

Платини се радува со француските фудбалери (Дидје Дешан лево и Франк Лебеф десно) на церемонијата на доделувањето на пехарот

Тоа Светско првенство остана запаметено по хрватската репрезентација која на изненадување на сите го освои бронзениот медал откако ја победи Холандија во натпреварот за третото место, а претходно дојде на чекор од големото финале губејќи од Франција во полуфиналето. Франција потоа стигна до титулата победувајќи со 3:0 против Бразил, во она што многумина уште тогаш сметаа дека е наредено финале.

Франција стана шампион иако претходно не учествуваше на претходните два Мундијала - во САД 1994 и во Италија 1990.

Поранешниот француски фудбалски ас тврди дека жрепката била местена и на други турнири.

Да потсетиме, Платини беше избркан од фудбалските организации откако се откри дека добил поткуп од 1,35 милиони фунти од Зеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА.

„Не работевме шест години додека не се уморевме да го организираме Светското првенство без да направиме некои трикови. Кога играте дома, сакате да уживате во такви работи. Мислите дека другите не го прават тоа за нивните првенства? Франција против Бразил во финалето, тоа беше сон на сите“, открии Платини.

И во жрепката за групите Франција доби прелесна група со Данска и слабите Саудиска Арабија и дебитантот Јужна Африка. Нормално, Франција лесно излезе на крај со сите и убедливо заврши прва во групата.

Ако е точно тврдењето на Платини дека и на другите турнири им се исполнуваат желби на домаќините, тогаш не може да не се сомневаме дека домаќинот на претстојниот Мундијал, Катар, на среќа се паднал во група со Еквадор, Сенегал и Холандија. Сепак, тоа е далеку од лесна група за домаќините и речиси никој, освен веројатно самите Катарци, не очекува дека нивната репрезентација ќе успее да мине во осминафиналето.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Фудбал

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе