СЕРИЈА А 2022/2023

По 51 година сезоната во Серија А почна без реми

Филип Здравески
/ 16.08.2022 / 13:59

Доста необичен почеток имаше новата сезона во Калчото откако за прв пат по сезоната 1971/1972 ниту еден натпревар од 1. коло не заврши со поделба на бодовите.

Момент од дуелот меѓу Фиорентина и Кремонезе

Сезоната во Италија почна во саботата попладне, а заврши синоќа вечерта. Се одиграа сите 10 натпревари од 1. коло, а ниту еден не заврши со нерешен резултат, што е доста необично за лигата која го измисли катанаџото.

Продолжениов калчо викенд беа постигнати следниве резултати:

Сампдорија - Аталанта 0:2
Милан - Удинезе 4:2
Монца - Торино 1:2
Лече - Интер 1:2
Лацио - Болоња 2:1
Фиорентина - Кремонезе 3:2
Специја - Емполи 1:0
Салернитана - Рома 0:1
Верона - Наполи 2:5
Јувентус - Сасуоло 3:0

Ваквиот развој на настани го сруши митот старт цели 51 година, дека сезоната на Чизмата не може да почне без ниту едно реми. Последен пат кога вакво нешто се случило во Серија било на почетокот од сезоната 1971/1972, кога исто така немало натпревар со поделба на бодовите. Но, тогаш лигата броела 16 клубови, значи се одиграле 8 натпревари, два помалку од сега - што покажува дека достигнувањето годинава е многу поголемо.

Таа 1971/1972 во 1. коло биле постигнати следниве резултати:

Каљари - Верона 3:1
Фиорентина - Наполи 2:1
Интер - Аталанта 2:0
Јувентус - Катанѕаро 4:2
Мантова - Торино 1:2
Рома - Виченца 1:0
Сампдорија - Болоња 2:1
Варезе - Милан 0:1

Воедно, ова е само четврти пат Серија А да почне без реми бидејќи освен 2022/2023 и 1971/1972 воведно целосно победничко коло се одиграло и во сезоните 1933/1934 и 1934/1935.

Друг куриозитет е што за прв пат во историјата на Серија А победа во 1. коло од новата сезона забележаа првопласираните 8 клубови од претходната сезона, односно Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе