ПРВАТА ЖЕНА НА ЧЕЛО НА ТАНЗАНИЈА ПОЛОЖИ ЗАКЛЕТВА

По ковид-скептикот, доаѓа Мама Самија

Потпретседателката на Танзанија Самија Сулуху Хасан положи заклетва за претседателската функција денеска, по смртта на претседателот Џон Магуфули, најгласниот ковид-скептик во Африка, со што стана првата жена на чело на оваа источноафриканска земја.

61-годишната Хасан ја презеде функцијата откако завчера беше соопштено дека Магуфули починал од срцев удар, по повеќе од две недели повлекување од јавната сцена.

Исчезнувањето на Магуфули од јавноста на 27 февруари предизвика сомневања дека има COVID-19, болест за која веруваше дека може да се излечи со молитва и не сакаше да нарача вакцини за неговата земја со 58 милиони жители.

Официјалните лица негираат дека какво било заболување е причина за неговото непојавување во јавноста, а Хасан тврди дека нејзиниот претходник починал од срцев удар, додека опозицијата тврди дека починал од коронавирус.

Хасан ја опишуваат како личност која сака да гради договори и компромиси, а нејзиниот стил е спротивен на популизмот на Магуфули, кого го нарекуваа и „Булдожер“ поради неговата нетолеранција на размислувања различни од неговото.

Нејзиниот прекар „Мама Самија“ во земјата е доказ дека населението ја цени.

URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе