Ден по песочната бура југоистокот на Австралија е погоден од силен град со големина на тениско топче, пренесуваат локалните медиуми.
Природните аномалии и понатаму ја напаѓаат Австралија, а сè започна со пожарите. Потоа наврнаа обилни дождови и почнаа поплави. На југоистокот на земјата се случија песочни бури и наврна силен град. Градот оштети стотици автомобили и ги оштети дрвјата.
Нов Јужен Велс е погоден од силно невреме проследено со град. Во изминатите 24 часа за помош се обратија над 1.500 луѓе. Ден претходно оваа австралиска држава беше погодена од песочна бура со ветер кој достигна брзина од 100 км на час.
Во државите Викторија, Јужна Австралија и Тасманија и натаму има шумски пожари.