По Русија и НАТО се повлече од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

НАТО објави дека официјално го суспендира своето учество во Договорот за конвенционални сили во Европа (CFE). Тоа е реакција на повлекувањето на Русија од истиот, што денеска стапи на сила.

Повеќето од 31 земја-членка на НАТО се составен дел на договорот. Неговата цел беше да спречи акумулација на војници на границите на источниот и западниот блок по Студената војна. Потпишан беше во ноември 1990 година.

Според НАТО, „неодржлива би била ситуацијата во која сојузниците се придржуваат до договорот, а Русија не се придржува“. Сепак, Алијансата потсети дека членките остануваат посветени на „намалување на воениот ризик и спречување недоразбирања за намерите и конфликтите на другата страна“.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за повлекување од CFE во мај 2023 година, приближно 15 месеци по почетокот на инвазијата на Украина. НАТО тогаш го критикуваше шефот на Кремљ, велејќи дека тој ја „поткопува евроатлантската безбедност“.

Договорот, кој требаше да ги балансира конвенционалните сили кон крајот на Студената војна, беше де факто прекршен според Русија, бидејќи поранешните советски републики Естонија, Латвија, Литванија и поранешните земји од Варшавскиот пакт станаа членки на НАТО во раните 2000-ти.

Договорот CFE предвидува ограничување на пет категории оружје и опрема, имено тенкови, оклопни борбени возила, артилерија со калибар поголем од 100 милиметри, борбени авиони и јуришни хеликоптери, а предвидува и размена на информации и опсежни активности за инспекција. во земјите учеснички.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе