Почина Дејвид Рокфелер, милијардерот кој сакаше да живее 200 години

Дејвид Рокфелер, член на последната генерација на светски познатото семејство Рокфелер, почина во сон на возраст од 101 година, во својот дом во Њујорк.

Дејвид беше шесто дете на Џон Д.Рокфелер Џуниор и внук на познатиот соосновач на компанијата Standard Oil, славниот Џон Д. Рокфелер.

Милијардерот Дејвид Рокфелер ќе остане запаметен по тоа што беше подготвен да презема радикални мери за да остане жив. Освен што остави богатство од 3 милијарди долари, славниот милијардер во минатото имаше доволно пари за да ги заобиколи листите на чекање и да си овозможи дури 7 трансплантации на срце.

Токму овие хируршки зафати му донесоа долговечност на милијардерот кој почина како најстар член на семејството Рокфелер. Првата трансплантација била извршена во 1976 година откако доживеал срцев удар среде сообраќајна несреќа. Во следните четири децении на секои шест до седум години му  е пресадувано ново срце, а последната трансплантација е извршена во 2016 година. Дејвид во шега тогаш рекол дека планира да живее 200 години.

Досега ниту еден човек не успеал да го продолжи животот на овој начин, а Дејвид Рокфелер влезе во историјата како личност со најголем број трансплантации на срце. Покрај тоа имал и две трансплантации на бубрези, една во 1988 година, а втората во 2004 година.

Во 2015 година, кога го одбележуваше својот 100 роденден, Рокфелер подари 404 хектари земја на националниот парк во Мејн.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе