Почина Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис

Лиса Мари Присли, единственото дете на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 55-годишна возраст.

„Со тешко срце морам да ја споделам погубната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиса Мари нѐ остави“, изјави Присила Присли.

Лиса Мари, исто така пејачка, била итно пренесена во болница во четвртокот. Медиумите јавуваат дека имала срцев удар. Била пронајдена онесвестена во нејзиниот дом во Калабасас, Калифорнија, изјавија извори за американскиот медиум TMZ.

„Таа беше најстрасната, најсилната жена што некогаш сум ја познавала. Бараме приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа длабока загуба“, додаде Присила.

Нејзината мајка не ја коментирашела можната причина за смртта.

Remote video URL

Цитирајќи извор близок до Лиса Мари Присли, TMZ објави дека била пронајдена во несвест во нејзината спална соба во четвртокот наутро. Болничарите, исто така, извршијале реанимација и ѝ дале епинефрин за да ѝ се рестартира пулсот.

Лиса Мари Присли е родена во 1968 година и е сопственик на замокот на нејзиниот татко, Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Таа имаше 9 години кога Елвис почина од срцев удар во Грејсленд во 1977 година на 42-годишна возраст.

Нејзината музичка кариера започна со нејзиниот деби албум „To Whom It May Concern“ во 2003 година. Потоа следуваше „Now What“ од 2005 година, а двата стигнаа до топ 10 на Билборд 200. Третиот албум, „Storm and Grace“, беше објавен во 2012 година.

Во вторникот, Лиса Мари и Присила Присли присуствуваа на Златните глобуси во Беверли Хилс, каде Остин Батлер ја освои наградата за најдобар актер во драма филм за неговата улога во минатогодишниот биографски филм „Elvis“.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе