Почина штипјанка позитивна на COVID-19 на Клиниката за инфективни болести во Скопје

Почина 80-годишна жена од Штип на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, која била позитивна на COVID-19. Оваа информација за МИА ја потврдија надлежните од Центарот за јавно здравје и Oпштина Штип.

Жената која неколку дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести во Скопје, по што ја изгуби битката со коронавирусот, најпрвин беше хоспитализирана на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

МИА веќе информираше дека 80-годишната жена беше примена со дијагноза бронохопневмонија, беа направени два теста кои покажаа дека се негативни, но третиот покажа позитивни резултати на COVID-19. По нејзиниот случај 14 медицински лици од штипското Инфективно одделение се сместени во самоизолација, односно веќе четврти ден се изолирани двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев веднаш направи реорганизација. Медицинските сестри се пополнети со кадар од другите одделенија, а на едниот инфектолог на помош од неделата му доаѓа инфектолог од струмичката болница.

Ѓеорѓијев информира дека во моментов на Инфективното одделение се лекуваат пет пациенти позитивни на COVID-19, од кои двајца се од Штип, а тројца од кочанскиот регион и имаат четворица пациенти кои се со сомнителни симптоми на коронавирус и за нив се чекаат резулатите од тестирањето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе