Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улици. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина.

Пријавувањето за годинешното издание на „Вози право, вози здраво“ веќе започна. Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат на следниот линк, со што ќе добијат бројче кое може да го подигнат од 1 до 4 јуни во i-bank store филијалата на Стопанска банка АД-Скопје. Стартот на трката е закажан за 18 часот од Порта Македонија, додека целта е во Градски парк каде што ќе се организира голема забава и богата лотарија за учесниците.

На „Вози право, вози здраво“ сите се победници и затоа не се мери времето. Главната цел на настанот е учесниците да се забавуваат и да придонесат за промоција на здравите животни навики, користење на еколошки средства за транспорт и за зачувување на животната средина. Стопанска банка ќе обезбеди вода, освежување, сладолед и грицки за учесниците, а за добрата забава на крајот ќе се погрижат Baskerfest. На крајот од настанот ќе има богата лотарија за регистрираните учесници во која најсреќните ќе добијат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

Шестото издание на „Вози право, вози здраво“ се организира по пауза од две години поради пандемијата. На последниот настан во 2019 година имаше 7.800 регистрирани учесници.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе