Почна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација, соопшти директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

-Ова е голема новина во царинското работење, која на економските оператори им овозможува огромно забрзување на постапката, заштеда на време и ресурси. Истовремено, со ова Царинската управа станува институција со високо ниво на дигитализација, препознаена во земјата и во регионот, вели Кутиров.

Во текот на вчерашниот ден, како што се наведува во соопштението на Царинската управа, обработени се вкупно 833 увозни и 538 извозни зелени царински декларации, и за истите царинењето е успешно завршено за еден час, што претставува 80 отсто од вкупниот број на поднесени декларации.

Царинењето за еден час, се додава во соопштението, се овозможува за увозни и извозни декларации, кои се правилно пополнети и автоматски валидирани, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно зелени, кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки. Во моментот кога декларацијата е селектирана од системот на зелен канал, започнува да тече тајмер подесен на еден час, после кој истата автоматски добива статус дека се пушта во слободен промет, нагласуваат од Царинската управа.

Оваа постапка за царинење на стоката, застапниците ќе можат да ја спроведат далечински, без потреба да доаѓаат во царинските терминали и да комуницираат непосредно со царинските службеници.

Комуникацијата со застапникот за останатите царински декларации, селектирани од системот или од царинскиот службеник за документарна контрола, врз основа на дополнителни сознанија, исто така ќе се одвива преку системот.

За оваа новина во изминатата недела беа спроведени обуки за царинските службеници и  економските оператори.

Притоа, економските оператори ги поздравија заложбите на Царинската управа коишто се преземаат во континуитет за дигитализација и олеснување на трговијата, како важeн фактор за зајакнување на конкурентноста на компаниите и економскиот развој на земјата, се додава во соопштението.

Тагови
реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Македонија

Левица: Имаме куп Албанци народни херои, а улици се именуваат по фашистички колаборатори

Read more

Корчагинци организираат хуманитарна претстава за спас на животот на младиот Марко

Read more

Груевски: Мицкоски би бил најсреќен ако ме удри трамвај во Будимпешта

Read more

Денеска без струја делови од Чаир и Кисела Вода

Read more
 

Вести

Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа

Читај повеќе

35-годишен маж загина во пожар во зграда во Хром

Читај повеќе

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Читај повеќе

Објавен распоредот на настапи за утрешниот музички настан Здраво млади

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Имаме куп Албанци народни херои, а улици се именуваат по фашистички колаборатори

Читај повеќе

Рама: Без преседан, Србија стана жртва

Читај повеќе

Стојанов им се закани на Македонците во Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари

Читај повеќе

Нагорно-Карабах по примирјето: Преговори без резултати и остри предупредувања до Азербејџан од ОН

Читај повеќе

Корчагинци организираат хуманитарна претстава за спас на животот на младиот Марко

Читај повеќе