Почна војна на цените на нафтата, Русија и Саудиска Арабија не планираат да попуштат

Цените на нафтата на светските берзи денеска паднаа за повеќе од 30%, што е најмногу од 1991 година, бидејќи Саудиска Арабија почна војна на цени со Русија и драстично ги намали продажните цени, порачувајќи дека ќе го зголеми производството.

На самиот почеток на тргувањето утрово цената за барел на лондонската берза падна за повеќе од 14 долари или за 31,5% на 31,02 долари.

На американската берза цената за барел падна за 32% на 28 долари.

Ваков драстичен пад на цената на „црното злато“ на дневно ниво не бил забележан од јануари, 1991 година кога почна првата Заливска војна и кога цените паднаа за 33%.

Драстичниот пад на цените на нафтата е последица на одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, да ја казни Русија, вториот најголем производител на нафта, која во петокот не се согласи со предлогот на ОПЕК за понатамошно намалување на производството.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините довчерашни сојузници на чело со Русија, веќе подолго време се придржуваа до договорот за намалување на производството за 1,7 милиони барели дневно за да се поддржат цените на нафтата кои беа под притисок поради преголемото производство.

Изминативе недели, имаше дополнителен притисок од стравувањето дека ширењето на новиот корона вирус ќе предизвика забавување на растот на глобалното стопанство, а со тоа и побарувачката за нафта.

Договорот на ОПЕК со независните производители истекува на крајот на март, па во петокот ОПЕК предложи дополнително да се намали производството за 1,5 милиони барели дневно до крајот на оваа година, при што земјите кои не се дел од ОПЕК би го намалиле производството за дополнителни 500 барели дневно.

Тоа би значело дека ОПЕК и независните производители од април вкупно би го намалиле производството за 3,6 милиони барели дневно, или 3,6% од глобалната понуда.

Но, Русија не се согласи на дополнително намалување и побара да се остане на постоечкиот договор за ограничување на производството за 1,7 милиони барели дневно.

Со оглед на тоа дека ОПЕК не се согласи ова, рускиот министер за енергетика Александар Новак во петокот рече: „Од 1 април почнуваме со работа без оглед на квотите или намалувањата кои беа во сила претходно. Но, тоа не значи дека секоја од државите нема да ги следи и анакизира движењата на берзите.“

Секоја земја одлучува за себе

„Обидите за договор меѓу ОПЕК и сојузнивите резултираше со епско промашување. Русија се одлучи за пристап ‘секоја земја сама за себе’“, рече Џон Килдаф, партнер во компанијата Again Capital.

Токму затоа денеска Саудиска Арабија ја почна војната на цени, намалувајќи ги своите продажни цени на нафтата од испораката за април, за сите купувачи, за 6 до 8 долари.

Притоа, два извора за Reuters изјавија дека Саудиска Арабија планира од почетокот на април, кога ќе истече договорот на ОПЕК и независните производители за ограничување на производството, да го зголеми своето производство на над 10 милиони барели дневно, од актуелните 9,7 милиони.

 

 

Војната би можело да трае неколку недели, но и неколку месеци

„Саудиска Арабија и Русија влегоа во војна на цените на нафтата која најверојатно ќе биде ограичена и тактичка“, сметаат аналитичарите на компанијата Eurasia.

Последен пат кога Саудиска Арабија, Русија и останатите светски производители на нафта водеа војна за удел на пазарот слична на оваа, беше од 2014 до 2016 година.

Тогаш настојуваа да ги истиснат САД (кои денес се најголем производител на нафта) бидејќи тамошното производство на нафта од шкрилци двојно го зголеми производството на САД во изминатата деценија.

„Оваа криза сега би можело да потрае неколку недели, но и неколку месеци, додека цените на нафтата не паднат толку ниско што би можело да дојде до некој компромис и нов договор меѓу ОПЕК и независните производители“, сметаат аналитичарите на Eurasia.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе