Почнаа мирни собири низ Србија, Вучиќ не се плаши

Во неколку српски градови, Белград, Нови Сад, Врање и Чачак почнаа да се собираат граѓани кои трет ден по ред излегуваат на улиците во знак на протест поради незадоволството од состојбата во државата и најавените нови мерки за спречување на коронавирусот.

Во Белград луѓето полека пристигнуваат пред српскиот Парламент. Некои седат на платото и држат пароли „Не наседнувај. Седни“. Сообраќајот и понатаму се одвива нормално, а некои граѓани им свират од автомобилите во знак на поддршка.

Неколку десетици граѓани се собраа на Плоштадот Слобода во Нови Сад, главно млади луѓе, кои носат различни транспаренти и знамиња, меѓу кои „Срам да ви е“, „За чии деца?“.

Граѓаните, како што беше вчера најавено, бараат оставка од директорот на полицијата Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, од шефот на државата Александар Вучиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

 

Едно од барањата е и распуштање на Кризниот штаб, како и финансиските средства кои се наманети за црквата да се пренасочат за медицинските работници.

На вчерашниот протест во Нови Сад учествуваа повеќе илјади граѓани, а демолирана е Градската куќа, влезот на РТВ и простории на владејачката партија СНС.

Вучиќ: Никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека никој не може на сила да ја преземе власта во Србија, откако народот на избори кажал каква влада сака.

– Мене никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат! И главата на трупец да ми е, нема да ме скршат!, рече Вучиќ и и порача на опозицијата дека можат или да победат на избори или да го убијат.

 – Јас сум оној кој го избира следниот мандатар. Реално, објективно можат да ме убијат. Но тогаш ќе требаат претседателски избори, бидејќи ќе нема кој да именува мандатар. Не гледам што можат друго да направат, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Париз, пред работната вечера со францускиот претседател Емануал Макрон.

Обраќајќи им  се на „сите нормални луѓе, кои се против насилство и дивеење“, Вучиќ им порача да бидат воздржани, да не покажуваат нервоза и да не одат на собири за да не се заразат со коронавирус.

Тој уште еднаш оцени дека протестите во Белград немаат врска со мерките против коронавирусот, туку дека станува збор за желба некои да дојдат на власт без избори. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе