Поенти од телефонскиот разговор Путин-Макрон

Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Зборувајќи за војната, Путин, според соопштението од Кремљ, рекол дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“.

Путин ги обвини украинските сили за воени злосторства кои Европската Унија ги „игнорира“.

Рускиот претседател додаде дека „и покрај некохерентноста и неподготвеноста на Киев за сериозна работа, руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.

Одговарајќи на загриженоста на Франција за безбедноста на снабдувањето со храна во светот, Путин рече дека „ситуацијата во врска со тоа е комплицирана главно од западните санкции против Русија“, се вели во соопштението.

Односите меѓу Франција и Русија се многу затегнати поради руската воена офанзива врз Украина, која почна на 24 февруари. И покрај кризата, Макрон разговарал со Путин неколку пати пред и по почетокот на руската инвазија во неуспешен обид да се најде решение, коментираат француските медиуми.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе