Пол Вокер „живее“ во новиот Fast and Furious

Актерот Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013 година, но неговиот лик Брајан О'Конер повторно ќе се појави во франшизата Fast and Furious.

Во претстојниот десетти дел од филмската сага наречен Fast X, заедно со Вин Дизел, Мишел Родригес, Лудакрис, Тајрис Гибсон и други, ќе се појави и Вокер, иако тој ќе биде во филмот со помош на CGI, и режисерот објасни како.

Вокер постхумно се појави и во шестото продолжение, за кое не можеше да ги сними сите сцени, па дел од работата на крајот завршија од неговите браќа, кои служеа како дублери, додека неговото лице беше создадено со помош на CGI.

„Ликот на Брајан е многу жив во светот на Fast and Furious, и тој често беше споменуван во претходните филмови. Неговото семејство остана дел од франшизата, но во последното продолжение нема да го гледате Брајан во сегашноста, туку во ретроспектива“, изјави за TotalFilm режисерот Луис Летерие.

Фановите се воодушевени од трејлерот

Да потсетиме, пред неколку дена беше објавен трејлерот за новото продолжение на F&F, во кој главните улоги ќе ги толкуваат Вин Дизел и Џејсон Момоа.

Момоа ќе го игра главниот негативец по име Данте, а покрај Дизел, ќе се појават Шарлиз Терон, Хелен Мирен, Бри Ларсон, Мишел Родригес, Тајрис Гибсон, Лудакрис, Сунг Канг и Натали Емануел.

Филмот ќе почне да се прикажува на 19 мај, а фановите, судејќи по коментарите под трејлерот на YouTube, едвај го чекаат.

„Ме воодушевува што без разлика колку филмови ќе снимат, секогаш едвај го чекам следното продолжение. Лудо“, „Пораснав со овие филмови и искрено едвај чекам да излезе новиот“ , „Ова продолжение изгледа сосема поинаку од претходните, делува поприземјено“, „Едвај чекам да излезе, тоа е мојата омилена франшиза“, „Овој филм мора да се гледа во кино“, се само дел од коментарите.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе