Полицијата уби млад Афроамериканец во Минесота, избувнаа протести

Протести против американската полиција избувнаа во неделата во Минесота откако полицаец застрела млад Афроамериканец.

Убиениот маж го запрел своето возило за сообраќаен прекршок на околу 16 километри од местото каде што беше убиен Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис минатиот мај.

Гневни толпи народ се собраа пред полициската станица во Бруклин Центар вчеравечер, а полицајците во целосна заштитна опрема испукаа гумени куршуми и шок-бомби кон демонстрантите.

Гувернерот на Минесота, Тим Валц, го идентификуваше човекот убиен од полицијата како Данте Рајт (20). Тој рече дека ги набљудува протестите во Бруклин Центар, предградие на Минеаполис, „додека нашата држава жали за уште еден црн живот однесен од полицијата“.

Трета недела од судскиот процес против полицаецот кој го уби Флојд 

Антиполициските демонстранти претходните денови веќе ги минаа протестирајќи во Минеаполис, додека судењето на Дерек Шовен, поранешен полицаец, влегува во третата недела од судењето, под будното око на Националната гарда.

Шовен се товари дека го убил Флојд клекнувајќи му со колено на вратот, поради што Афроамериканецот изгубил здив и проток на кислород, за време на апсење во мај минатата година. Видеото од инцидентот предизвика глобални протести против полициската бруталност.

Мајката на Рајт, Кети Рајт, им изјави на новинарите дека добила повик од нејзиниот син во неделата попладне и ѝ рекол дека полицијата го запрела затоа што имал освежувачи за воздух обесени на ретровизорот, што е нелегално во Минесота. Можела да ја слушне полицијата како му кажува на нејзиниот син да излезе од возилото.

„Слушнав расправија и полицаец кој рече ‘Данте, не бегај’“, рече таа низ солзи. Повикот завршил, а таа повторно се јавила на бројот на нејзиниот син, на што одговорила неговата девојка, велејќи дека тој е мртов на возачкото место.

Полиција: Го запреле за прекршок, имало потерница

Во соопштението од полицијата од Бруклин Центар стои дека полицајците го запреле Рајт нешто пред 14 часот за сообраќаен прекршок и откриле дека против него има отворена потерница. Додека полицијата се обидувала да го уапси, тој се вратил во автомобилот. Еден полицаец пукал кон него. Рајт успела да помине неколку улици возејќи, а пото удрил во друг автомобил и починал на самото место.

Полицијата соопшти дека камерите на телото на двајцата полицајци го снимиле инцидентот. Државната канцеларија за криминалистичко истражување го истражува пукањето.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе