Пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата заплени марихуана во вредност од околу 600.000 евра

Од МВР известуваат дека вчера полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р. Косово на територија на нашата држава.

Запленета е марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.

Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(36) од Скопје, каде како сопатник бил косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р.(24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.


Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом кај Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Р. Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.

Денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, стои во соопштението на МВР.

Remote video URL

Фото: МВР 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Хроника

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more
 

Вести

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе