Попис 2021: Во земјава има 100 невработени доктори на науки

Во земјава има вкупно 109.249 невработени лица, од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Поголемиот дел од невработените со основно и средно се мажи – над 60 проценти, додека од 1.545 невработени со магистратура 60 проценти се жени.

Во земјава има и 100 невработени доктори на науки.

Над половината од невработените или 56.701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование.

Околу 14 проценти од невработените имаат високо образование, од нив речиси 60 проценти се жени.

Нешто под пет проценти од невработените се без образование или незавршено основно образование.

Ова го покажа третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

Над половина од невработените со основно се постари од 40 години

Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади.

Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години.

Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион.

По градови речиси пет илјади или 16 проценти живеат во Скопје, од кои најголемиот дел или над 1.500 во Чаир. Над две илјади невработени со основно образование има и во Гостивар, Тетово и Куманово.

Најголем дел од невработените со средно – над 14 илјади или 26 процени живеат во Скопскиот регион, потоа над девет илјади или 17 проценти во Полошкиот регион и над седум илјади или 14 проценти во Североисточниот регион.

По градови речиси 13 илјади или 23 проценти живеат во Скопје, од кои над две и пол илјади во Чаир. На второ место е Куманово, каде живеат речиси пет илјади невработени со средно или девет проценти. На трето место е Тетово со 3.744 или седум проценти.

Над две и пол илјади невработени со средно образование има и во Битола и Прилеп, додека над две илјади невработени со средно живеат во Гостивар.

Над една третина од невработените доктори на науки се на возраст од 30 до 39 години

Во земјава има 100 невработени доктори на науки. Над една третина или 36 од нив се на возраст од 30 до 39, по една четвртина се на возраст од 40 до 49 години (26) и од 50 до 59 години (25).

Шестмина се постари од 60 години, додека седум се на возраст од 25 до 29 години.

Од вкупно 100 невработени доктори на науки во земјава, над половината или 52 се во главниот град Скопје.

Во Куманово има 5, Охрид и Штип по 4, Гостивар – 4, Кочани и Тетово по 3, а по двајца невработени доктори на науки има и во Битола, Дебар, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

Еден процент од невработените се магистри, третината од нив се во Скопје

Од вкупно 109.249 невработени во земјава 1.541 се магистри. Речиси две третини се млади на возраст од 25 до 34 години, додека над една третина се во Скопје.

Седум проценти или 112 невработени магистри се во Тетово, а по шест проценти во Битола, Куманово и Прилеп.

По околу педесетина невработени магистри има и во Кичево, Гостивар, Охрид и Струга.

Една третина од невработените магистри во земјава се млади на возраст од 25 до 29 години, а 31 процент се на возраст од 30 до 34 години.

Една петтина се на возраст од 35 до 44 години, а околу стотина се меѓу 45 и 54 години.

Александар Атанасов / МИА

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе