Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Kон крајот на денот во североисточните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41°C. UV=10
Во Скопје сончево со мала облачност и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 39°C.