Попович: Немам видено почудна повреда од онаа на Ленард

Легендарниот НБА тренер Грег Попович долги години е во кошарката, но вели дека нема видено почудна повреда од онаа на ѕвездата на неговиот тим, Кавај Ленард.

Тој се повреди во минатогодишниот плејоф и сите очекуваа да се врати за почетокот на сезоната, но Ленард ќе биде оддалечен од терените уште некое време.

Грег Попович во интервју за ESPN ги искажа маките околу физичката подготвеност на неговиот тим, и покажа загриженост за ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Кавај Ленард.

„Немам видено почудна повреда. Она што е најчудно е дека Тони Паркер ја имаше истата повреда, но неколку месеци подоцна. Тој дури беше и на операција, и засега Тони е поблиску до враќање на теренот отколку Ленард. Имаме двајца играчи кои страдаат од истата повреда, неверојатно“, изјави Грег Попович

Кавај Ленард се повреди во минатогодишниот плејоф натпревар против Голден Стејт Вориорс, кога при еден доскок нагази на ногата на Заза Пачулија и го повреди зглобот.

„Ќе се врати, порано или подоцна. Се чувствувам како политичар кога го кажувам ова. И вие знаете дека ништо не знам, туку дека се работи за проценка“, одговори во негов стил Попович.

Двократниот освојувач на наградата „Одбранбен играч на годината“ во минатата сезона беше и еден од тројцата главни кандидати за освојување на МВП трофејот, но на крајот пресуден беше трипл-дабл просекот кој го оствари Расел Вестбрук и Ленард остана без престижното признание.

реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе