Поради болеста, Златна малина ја поништи наградата за најлош филм на Брус Вилис

Организаторите на наградите Златна малина, со кои се оддава почит на најлошиот филм во годината, му ја поништија наградата на Брус Вилис, откако семејството на актерот откри дека тој се бори со афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности.

„По долго размислување Златна малина одлучи да ја укине наградата што му беше доделена на Брус Вилис поради неговата неодамна објавена дијагноза“, се вели во соопштението.

„Доколку нечија здравствена состојба е фактор во донесувањето одлуки и/или перформансите, признаваме дека не е соодветно да му се даде наградата“, додаваат тие.

Во средата семејството на Вилис, вклучително и неговата поранешна сопруга Деми Мур, во заедничка изјава соопштија дека актерот ќе паузира од актерството поради неговата здравствена состојба.

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ја цениме вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, се вели во соопштението.

Според клиниката Мајо, афазија е „состојба што ве лишува од способноста за комуникација“ и може да биде предизвикана од мозочен удар, повреда на главата, тумор на мозокот или болест.

Оваа година организаторите на Златната малина го номинираа Вилис за 8 негови филмови во категоријата именувана по него, „Најлошата изведба на Брус Вилис во филм од 2021 година“.

На крајот, беше одлучено дека неговата улога во филмот „Cosmic Sin“ е победничка.

„Категоријата никогаш не требаше да биде постојан дел од Златната малина. Затоа нема да се повтори“, се додава во соопштението.

Тие исто така рекоа дека навистина им е жал за дијагнозата на Брус Вилис.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе