Поранешен доктор од Белата куќа: Kогнитивното здравје на Бајден станува проблем за националната безбедност

Макфакс
/ 05.06.2023 / 11:42

Републиканскиот конгресмен од Тексас, Рони Џексон, поранешен лекар во Белата куќа во администрацијата на Обама и Трамп, продолжува да поставува прашања за менталното и физичкото здравје на претседателот Џо Бајден, пренесува Спутник.

По паѓањето на Бајден на сцената за време на неодамнешната церемонија на Академијата за воздухопловни сили на САД, Џексон изјави дека Бајден не е ментално или физички способен да биде претседател.

Според Џексон, дел од улогата на врховниот командант на САД е да инспирира доверба и да проектира моќ, што тој верува дека Бајден не успева да го направи поради својата возраст и впечатливиот пад во способностите.

Џексон ги истакна бројните гафови направени од Бајден и тврди дека неодамнешниот пад на претседателот само ја зголемува загриженоста за неговата подготвеност за функцијата.

Тој посочи дека физичкиот пад на Бајден сега дополнително го нагласува неговиот когнитивен пад, за кој тој тврди дека е евидентен веќе некое време.

„Мислам дека падот во неговата физичка способност и физичкото опаѓање сега почнуваат да го истакнуваат когнитивниот пад што многу долго го гледаме кај него. Тоа веќе не проаѓа во светот и станува проблем за нашата национална безбедност. Мора да направиме нешто околу тоа“, предупреди Џексон.

Изразувајќи го своето неверување дека Бајден (80) размислува да се кандидира за уште еден мандат – кој ако го заврши, ќе има 86 години – Џексон ја критикуваше Белата куќа што дозволила тоа да се случи.

Тој повика на одговорност и ги повика блиските до Бајден, вклучително и првата дама Џил Бајден, да преземат мерки. Поранешниот лекар од Белата куќа дури и предложи Бајден да користи шетач за да избегне нови срамни паѓања во јавност.

Загриженоста на Џексон за способноста на Бајден за функцијата не е нова. Во април, тој дистрибуираше писмо меѓу републиканците во Претставничкиот дом во кое бараше Бајден да се подложи на когнитивен тест или да се повлече од трката во 2024 година.

Во писмото се наведуваат годините на Бајден, неговите јавни гафови и анкетите во кои многу Американци изразуваат сомнеж за неговата ментална подготвеност.

Администрацијата на Бајден постојано ги отфрла овие изрази на загриженост, а портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, укажа на успесите на Бајден и увери дека тој е способен да ги исполни своите обврски како претседател.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе