Поскапуваат бензините и дизелот

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68  отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари за литар.

Па така ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153 отсто, кај дизелот за 2,83, кај екстра лесното масло за 3,424 и кај мазутот за 0,596 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто.

Тагови
реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе