Поскапувањето на струјата ќе осигура инвестиции во обновливи извори, вели Ковачевски

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот снабдувач се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, на јавната постапка на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понудила цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра.

-Понудената цена на АД ЕСМ кон ЕВН Хоум е на ниво на рентабилност на работење на компанијата. Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули 2019 година АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ние се јавуваме на аукција со наша цена која на крајот од годината ќе донесе одреден профит. Од први јули лани заклучно со јули оваа година, цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции. Кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година, објасни Ковачевски по посетата на рудниците во РЕК Битола.

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

-Согласно европските трендови полека треба да преминеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги спомнал инвестиците во фотоволтаиците што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегавати фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати, третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена кон проектот Чебрен, односно јавното-приватно партнерство за кое постаката ќе заврши во втората половина на септмеври, истакна Ковачевски.

Тагови
реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Шенон Доерти: Ќе снимам видео за да се збогувам со најблиските

Read more

Низ фотографии: Погледнете како изгледа Нагорно-Карабах додека трае конфликтот

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Македонија

Нови 162 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Read more

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Read more

Ситуацијата е сериозна, добро е што финансискиот сектор е стабилен, смета Бесими

Read more

Филипче: Секоја одлука е донесена со цел да се обезбеди добар и безбеден образовен процес

Read more

Вести

16-годишник со пиштол пукал кон куче, но ранил врсник кој завршил во болница

Читај повеќе

Песков: Тврдењата на Навални за Путин се навредливи и неприфатливи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција, Русија и САД бараат итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Нови 162 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Читај повеќе

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Читај повеќе
  • filter

Сообраќајка кај Железничка, од камион кој превезувал стакла паднал товарот

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 5.2 степенa регистриран во близина на грчкиот остров Нисирос

Читај повеќе

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Читај повеќе