После 19 години, изграден нов Воспитно-поправен дом во Тетово

Штитениците од Воспитно-поправниот дом „Тетово“ добиваат нов дом – од малолетничкиот затвор „Охрид“, тие ќе може да почне да се преселуваат веќе од понеделник. Воспитно поправниот дом е со капацитет од 110 лица. Вкупната нето површина на објектите е на околу 3.500 м².

– Првенствено, изградбата на новиот дом е значајна од аспект на тоа што ова е комплетно нова воспитно-поправна установа со чија изградба  трајно е решен долгогодишниот 19-годишен проблем за сместување на малолетниците на кои им е изречена воспитно-поправна мерка. Во новиот воспитно поправен дом се создадени сите услови за задоволување на меѓународните стандарди за функционирање, работење и спроведување на воспитно поправниот процес со целосно почитување на правата на децата, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Вкупната вредност на изградбата изнесува 253.582.000,00 денари, а изградени се три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м².

Покрај сместувачките објекти изграден е Административен блок со нето површина од 1.603 м², во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата. За работно ангажирање на штитениците изграден е објект со две работилници и гаражи.

Воспитно-поправниот дом е затворен комплекс со површина од околу 16.000 м², ограден со безбедносна жичана ограда, шеталишта, со спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Покрај изградбата на Воспитно поправниот дом „Тетово“, Управата за извршување на санкциите во текот на овој месец успешно ја заврши и реконструкцијата на Затворот „Битола“, но и изградбата на нова судница во рамките на КПД „Идризово“.

Тагови
реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе