Постојат два вида дебелина, едниот е поопасен

Нова студија ја дели дебелината во две групи, секоја со поинакви ефекти на функционирањето на телото. Ова откритие би можело да резултира со персонализиран начин на лекување на оваа состојба, пишува Science Alert.

Во овој момент, дебелината се дијагностицира со користење на индекс на телесна маса, но тимот зад ова истражување вели дека таквиот пристап е премногу едноставен и дека постои ризик од погрешни процени поради игнорирање на индивидуални биолошки варијации.

Еден од новоидентификуваните типови на дебелина карактеризира поголема маса на масно ткиво, а втората и повеќе маснотии и помалку мускулна маса. Истражувачите откриле дека вториот тип дебелина е поврзан со поголем ризик од воспаленија што го зголемува ризикот од рак и од останати болести.

„За првпат гледаме дека постојат барем два различни метаболички подвидови на дебелина, секоја со свои физиолошки и молекуларни поединости кои влијаат на здравјето. Ако овие наоди се преведат во клинички употреблив тест тоа би им помогнало на докторите подобро да се грижат за пациентите“, вели генетичарот Џеј Ендру Посписилк од Институтот Ван Андел во Мичиген.

Научниците набљудувале податоци од 153 близнаци, собрани во склоп на истражувачкиот проект TwinsUK и откриле четири метаболички подвидови кои влијаат на телесната маса: два се склони кон слабеење, а два кон дебелеење.

Дебелината се дефинира како прекумерно насобирање на масно ткиво во телото поради зголемен број на масни клетки или поради зголемување на нивниот волумен.

Истражувањето „ Independent phenotypic plasticity axes define distinct obesity sub-types“ е објавено во научното списание Nature Metabolism.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе