Потпишан Договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини, следната недела се очекува испорака од Pfizer

Министерот за здравство Венко Филипче вчера го потпиша Договорот за набавка на вакцини против COVID-19 од кинескиот производител Sinopharm. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти Министерството за здравство.

Премирот Зоран Заев на вчерашната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против COVID-19 од Pfizer, а потоа и од другите производители.

Запрашан околу набавката на вакцини против COVID-19 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на Pfizer, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.

Во исчекување на вакцините, состојбата со COVID-19 во земјата и натаму се смирува. Вчера беа регистрирани нови 75 случаи на коронавирусот од направени 726 тестирања. Но, забележан е поголем број на починати лица во однос на претходните денови. Во текот на претходното деноноќие починаа 22 лица, меѓу кои 27-годишно лице од Демир Капија и 32-годишник од Скопје. Беа регистрирани и 1440 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486, што е речиси за 2.000 помалку во однос на крајот на јануари.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.215, Охрид – 381, Кавадарци – 336 Куманово – 257, Тетово – 252, Велес – 217. Во другите градови има под 200.

Во ковид-центрите во Скопје вкупно се лекуваат 260 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК три пациентки. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците во главниот град има околу 90 слободни места.

Министерството за здравство информира дека во нашата држава кај 45 лица е утврден британскиот вид на вирусот.

Во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2021 е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисови од заразени лица.

– Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13 јануари 2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присутен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес, соопштија од МЗ.

НАТО преку Slovak Aid вчера ни донира четири респираторни машини, вредни околу 100.000 евра. На примопредавањето на донацијата на Меѓународниот аеродром во Скопје присуствуваа словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во својство на Национален координатор за странска помош во земјава и министерот за здравство Венко Филипче.

Досега во светот од коронавирусот се заразија 106 милиони, починаа 2,3 милиони, а оздравеја 78,5 милиони лица.

Според пресметките на имунолозите, како што соопшти вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, до претстојново лето 60 отсто од жителите на Земјата ќе се стекнат со имунитет на COVID-19, што ќе овозможи во август да се вратиме на нормалниот живот.

Во Кина речиси два месеца нема локален пренос на COVID-19. Од 16 декември во Кина не е забележани ниту еден случај на локална трансмисија на COVID-19, објави Националната комисија за здравство.

Во светот се води и дебата која од вакцините е најефикасна, а која не е.

Најновата студија објавена во списанието Nature Medicine покажа дека вакцината на BioNTech и Pfizer делува и против мутациите на коронавирусот, кои се појавија во Јужна Африка и Велика Британија, соопштија денеска двете компании.

– Студијата објавена во списанието Nature Medicine покажува дека вакцината Pfizer/BioNTech ги неутрализира новите мутации на коронавирусот, се вели во вчерашното соопштение.

Откако беше објавена информацијата дека вакцината на Универзитетот Оксфорд и шведската компанија AstraZeneca е забранета во Јужна Африка, поради сомневањата дека не е ефикасна за лицата над 65 години, вчера во нејзина одбрана излезе францускиот министер за здравство Оливје Веран, тврдејќи дека таа овозможува доволна заштита против речиси сите видови на коронавирус. Тој ја прими оваа вакцина во центарот за вакцинација во Мелен, што беше телевизиски пренесувано.

Во одбрана на вакцината на AstraZeneca вчера застана и британското Министерство за здравство, кое соопшти дека нема докази оти таа вакцина не спречува смрт или сериозни болести, а Јужна Африка само времено ја прекина нејзината употреба.

Од соседството вчера дојде информација дека во Србија пристигнал нов контингент од 8.190 дози на вакцина на Pfizer. На средината на минатиот месец српскиот државен врв договори со властите на нашата земја, Србија да ни достави 8.000 вакцини од Pfizer.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе