Повеќе од 90% од Британците развиле антитела по првата доза на AstraZeneca или Pfizer

Повеќе од 90% од Британците развиле антитела на коронавирусот откако ја примиле првата доза на вакцината AstraZeneca или Pfizer, а по втората доза развиле речиси 100% и од вакцинираните, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на 8.517 луѓе во Англија и Велс.

Истражувањето на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42% од  вакцинираните развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а процентот се зголемил на 99,08% по приемот на втората доза, во рок од седум до 14 дена, пишува The Guardian.

– И двете вакцини беа подеднакво добри во стимулирање на развојот на антитела потребни за борба против COVID-19. Ова е едно од првите истражувања на вакцините против коронавирусот во Обединетото Кралство и тоа е одлична вест, рече др. Меди Шротри, главен автор на студијата.

Според неа, вакцините делуваат исклучително ефикасно, особено ако се има предвид брзината со која се развиваат.

– Ова е голем научен подвиг во борбата против најтешката пандемија во последните 100 години, рече таа.

Резултатите од студијата се базираат на анализа на 13.232 примероци на антитела земени од крвта на 8.517 возрасни учесници во истражувањето. Важно е да се напомене дека никој од нив немал антитела пред да ја прими првата доза на вакцината и дека сите потенцијални учесници во студијата со антитела биле исклучени од истражувањето.

Просечната возраст на учесниците во студијата беше 65 години, бидејќи истражувањето е спроведено меѓу повозрасната популација, која беше прва вакцинирана во Обединетото Кралство.

Кампањата за вакцинација во Обединетото Кралство започна на 8 декември 2020 година.

Досега со две дози се вакцинирани повеќе од 20 милиони Британци.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе