Повредата на Мбапе е сериозна

Килјан Мбапе го очекуваат уште тестови следната недела, по повредата со која се здоби на вчерашниот натпревар против Сент-Етјен.

ПСЖ потврди дека Мбапе има „сериозна повреда, истегнување на десниот скочен зглоб“. Младиот напаѓач беше повреден по грубиот старт врз него од страна на Лоик Перан.

„За 72 часа повторно ќе му биде направена проценка, откако ќе стигнат анализите“, додадоа од клубот.

Мбапе на штаки ја прослави вчерашната победа со која ПСЖ го освои Купот на Франција.

Рано утрово Французинот на Twitter напиша дека се разбудил „како победник“.

„Ви благодарам на сите за пораките, длабоко сум трогнат. Бакнежи до сите, имајте убав викенд“, порача Мбапе.

URL

Претходно, новинарот на RMC Мохамед Бухафси на Twitter објави дека по првичните тестови, утврдено е дека Мбапе има „големо истегнување на скочниот зглоб, но дека нема скинати лигаменти“.

URL

Неизвесно е кога следен пат ќе заигра Мбапе - за една недела доаѓа финалето на Лига купот против Лион на 31 јули, а екипата на Томас Тухел е и во 1/4-финалето на ЛШ против Аталанта на 12 август.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе