Повторно станува татко: Еди Марфи го очекува десеттото дете

57-годишниот славен холивудски актер, Еди Марфи, по десетти пат во својот живот ќе стане татко, пишуваат странските медиуми.

Славниот комичар Еди Марфи и австралиската манекенка Пејџ Бачер, наводно наскоро ќе станат родители.

Иако постоеја шпекулации и од порано, овој пат сомнение отвори појавувањето на Пејџ Бачер во западен Холивуд, кога беше невозможно да не се забележи дека таа веќе е во поодмината фаза од бременоста.

Стомакот не успеа да го сокрие дури ниту под широкиот фустан, кој го носеше тој ден. Еди и Пејџ имаат едно заедничко дете, ќерката Ону, која се роди во мај 2016 година.

 

#PaigeButcher spotted with baby #2 this would be Eddie's 10th... #EddieMurphy #Paigebutcher

A post shared by (New Account) ... CelebrityXO (@theofficialcelebrityxo___) on

Парот е во врска веќе шест години, но својот приватен живот го чуваат од јавноста, и тоа е причината зошто тие немаат профили на социјалните мрежи.

Пред врската со австралиската манекенка, славниот актер Еди, од својот претходен брак со Никол Марфи има пет деца. Станува збор за четири ќерки и еден син, кои се на возраст од 16 до 28 години. Тие се разведоа во 2006 година, после 22 години заеднички живот.

Ед има 11 годишна ќерка Ангела со контроверзната пејачка Мел Б, а има уште и двајца синови, кои се плод од неговите врски со поранешните девојки Паулет Мекнил и Тамара Ху.

Иако фотографијата од преубавата Австралијка е јасен доказ дека таа и Еди го очекуваат второто заедничко дете, сепак славниот пар засега не сакаше да ги коментира шпекулациите во јавноста.

За потсетување, тие досега ниту ја потврдија, ниту пак ја демантираа оваа вест.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе