Пожарот во Беровско локализиран, гореа депонии во Скопје, Делчево и Штип

Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот.

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тимовите и сите други учесници во гаснењето на пожарот се вратени во базите, а на терен остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово.

Во објава на Фејсбук, ДЗС посочи дека во текот на денешниот ден ќе се направи контрола на теренот.

Во гаснењето на пожарот учествуваа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово. Тимот од Свети Николе со пумпи беше ангажиран за полнење на базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведоа од ДЗС.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Сашко Руменовски информираше дека во гасењето на пожарот од утринските часови имале и хеликоптерска поддршка со направени над 27 прелети. – Користена е вода за гаснење на пожарот од импровизиран базен во соседното село Будинарци, изјави вчера Руменовски.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), информира дека покрај полициски хеликоптер во гаснењето на пожарот се вклучени 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), 35 вработени во шумските стопанства, како и неколкумина локални жители.

Според ЦУК, близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.

Вчера во попладневните часови се реактивираше пожарот на депонијата за градежен шут кај месноста Ралова Чука во делчевското село Очипала, кој беше локализиран во петокот вечерта.

Во попладневните часови вчера поради високите температури избувна пожар на депонијата „Вардариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје, кој го изгаснаа две противпожарни возила, а се самозапали и депонијата „Трештена Скала“ во Штип, каде интервенираа пожарникари со две цистерни со вода и багер.

Во однос на други пожари во државата кои биле службено регистрирани во претходните 24 часа, скопската Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) имала пет интервенции од кои две поради запалено стрниште и поради опожарена ниска вегетација. Во двата почари вкупно се уништени се околу 6.000 квадратни метри.

Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Битола и Прилеп имале по една интервенција, додека валандовските пожарникари имале три интервенции – две поради запалена ниска вегетација и меѓи во село Брајковци и една за гаснење на запалена шума на површина од два декари кај село Дедели.

Кичевската противпожарна единица со пет пожарникари и едно возило гаснела запалено стрниште кај село Црвивци, додека ТППЕ од Охрид имала една мала интервенција.

Велешката територијална противпожарна единица со пет пожарникари и едно возило интервенирала за гаснење запалена ниска вегетација кај градската депонија, а ТППЕ Кавадарци, со двајца пожарникари и едно возило, гаснела запалена ниска вегетација во близина на село Фариш на патот кон Плетвар.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе