Познат британски експерт за крокодили признал дека сексуално малтретирал кучиња

Макфакс
/ 26.09.2023 / 12:28

Познат британски експерт за крокодили се изјасни за виновен по 60 обвиненија за суровост кон деца и животни во Австралија, пренесуваат локалните медиуми.

На австралискиот суд му беше кажано дека Адам Бритон се снимал себеси како измачува десетици кучиња додека речиси сите не умреле.

Потоа ги објавувал снимките на интернет, каде што пристапувал и до материјали во кои се малтретирани деца.

Британецот, зоолог што правел емисии за BBC и за National Geographic, набргу ќе биде осуден, пренесуваат светските медиуми.

Обвинителите пред судот презентираа докази против него, а бидејќи многу детали за злосторствата на Бритон биле премногу експлицитни, судијата Мајкл Грант им наредил на присутните да ја напуштат судницата.

Судијата рече дека е загрижен оти сослушувањето и презентирањето на фактите за случајот може да предизвика страшен шок, објавија локалните медиуми.

Бритон имал садистички сексуален интерес за животните од најмалку 2014 година, велат обвинителите, а освен што ги искористувал сопствените миленици, тој манипулирал и со други сопственици на кучиња, кои му давале свои.

Тој ја користел Gamtri, онлајн-платформа, за да најде луѓе што често бараат грижа за своите миленици поради патувања или работни обврски.

Посвоил некои од овие животни, а кога поранешните сопственици ќе го прашале за милениците, тој им кажувал лажни приказни и испраќал стари фотографии.

Животните ги малтретирал во бродски контејнер на сопствен имот, кој бил опремен со опрема за снимање.

Обвинителите тој објект го нарекоа соба за мачење, а Бритон објавил видеоснимки од грозоморни дела на интернет под псевдоними.

Така, едно од видеата на крајот било предадено на полицијата, која го уапсила во април 2022 година.

Од 42 кучиња што ги малтретирал во 18 месеци пред апсењето, 39 умреле.

Одреден му е притвор и повторно ќе се појави пред судот во декември кога ќе му биде изречена пресудата.

Роден во Западен Јоркшир, Бритон пораснал во Обединетото Кралство пред да се пресели во Австралија.

Таму се занимавал со крокодили повеќе од 20 години.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе