Продолжението на франшизата „Fast and Furious“ во кината ќе се појави во април 2023 година, пишува Entertainment Weekly.
Снимањето на 10-тото продолжение на филмот ќе почне во јануари 2022 година, а режисерот ќе биде Џастин Лин.
Засега нема многу детали за филмот, но се очекува дека ќе се вратат некои стари актери. Познато е дека Двејн Џонсон нема да биде дел од филмот бидејќи наводно не се согласува со Вин Дизел.
- Им посакувам многу среќа во филмовите „Fast 10“ и „Fast 11“ и во останатите филмови што ќе се снимаат без мене, рече Џонсон.
Се очекува дека ќе се појави Џејсон Стeтам, а наводно ќе ја видиме и Гал Гадот.
Се шпекулира дека двата претстојни филмови ќе раскажат една продолжена приказна со која франшизата конечно ќе биде завршена.
И покрај пандемијата со коронавирусот, филмот „Fast 9“ заработи 681 милион долари ширум светот.