Пратката со 500 илјади вакцини од Sinovac може да стигне во следните 7 дена

Стигна информација од претставниците на Sinovac дека може да очекуваме пратката со 500 илјади нивни вакцини да стигне во следните седум дена во нашата земја. Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што е одделено како количина за нашата земја се наоѓа во претходно пакувани шприцови така како што беше првата количина на вакцината Sinopharm, а тоа го олеснува начинот на давање. 

Тој рече дека ги уфрлиле во системот 10-те илјади вакцини на Pfizer кои стигнаа во понеделникот, меѓутоа очекуваат значајно забрзување на процесот на вакцинација кога ќе стигнат и вакцините од Sinovac. 

Во врска со вакцините Спутник V, Филипче посочи дека според кажувањата на амбасадорот на Русија, може да се очекува нивно доцнење.

– Практично сме во секојдневна комуникација, ни дава информации што и како може да се очекува, меѓутоа мислам дека е прилично искрен во тој дел. Со лични контакти и заложби направи многу кратко време да чекаме од нарачка да стигне првата количина која стигна во земјава. Беше малку меѓутоа стигнаа и ние тој процес тогаш го продолживме со здравствените работници, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираните хируршки сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.   

Тој додаде дека кога ќе се исцрпат сите граѓани од списокот на пријавени веројатно пунктовите за вакцинација ќе работат и без закажување. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе