„Празнувај одговорно!“ – без прослави, собири и групирања

Во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како досега до 21 часот, забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, препорака до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници, како и препорака до општините и работните организации да не организираат прослави.

Ова е предвидено со новиот пакет-мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, а со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID-19 за време на празниците.

Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од четири лица, се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од четири лица и доколку немаат потреба граѓаните да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Владата и Министерството за здравство вчера на прес-конференција ја промовираа кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

– Соочени со нов предизвик во битката со COVID-19,соочени со изборот да продолжиме со превентивните политики и со чекори за излез од кризата сега кога вакцината е на чекор до нејзината испорака или да влеземе во ризик за неодговорно празнување на новогодишните празници, кои се пред нас, Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ. Да издржиме сите уште малку со ваквите рестрикции и да не дозволиме со празнување да ескалира состојбата. Мерката носи име „Празнувај одговорно!“, а целта е заштита од COVID-19 во предвечерието на вакцинацијата. Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не се предизвика нов бран на епидемијата, токму сега кога пред нас е вакцинацијата, по која целиот свет би требало да се врати во нормала, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на COVID-19.

– Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на COVID-19, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата рече дека состојбата со коронавирусот е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани.

– Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден по извесен период. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап доведе до влошување на ситуацијата. Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките и да мислиме на своето и на здравјето на нашите најблиски. Славењето може да почека, здравјето не, порача Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранaт прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.

Во врска со вакцините против Ковид, Филипче посочи дека ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, постарите граѓани над 60 години и пациентите со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

– Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести и бројните дезинформации во однос на вакцините. Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале вообичаената фаза и на развој, тоа се практично истите платформи на кои се развиваат вакцините за сите други болести и секако административната дозвола подразбира контрола на многу процеси во делот на производство и секако клиничките студии. Примарната цел е заштита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболувањето со COVID-19, рече Филипче и додаде дека засега не се препораува вакцинирање на деца и луѓето кои имаат прележано Ковид и имаат антитела.

Бројот на новозаболени од COVID-19 во државава деновиве бележи благо намалување. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, регистрирани се нови 881 случај со COVID-19, починати се 22 пациенти, а оздравени се 806 пациенти.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат 1.302 позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 190 празни кревети во ковид – центрите.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74.732, оздравени се 50.852, починаа 2.169, а во моментов активни се 21.711. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе