Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од COVID-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со COVID-19 од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, а продолжи имунизацијата во останатите регионални пунктови. Исто така, на граничниот премин Станке Лисичково-Делчево вчера стартуваше вакцинацијата на пријавените граѓани од пограничниот регион.

Според постоечките рестриктивни мерки, забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Според директорката на ЈЗУ Здравствен дом - Струмица, Љубица Митева, завчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската Sinopharm, а вчера од 8:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред. Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.

– Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини Pfizer, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат  лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец. Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Додека, во штипскиот регионален пункт од вчера почна имунизацијата на околу 300 лица со хронични болести, на дијализа, трансплатација на црн дроб, бубрег и петмина кои чекаат трансплатација на срце по список  пристигнат од Министерството за здравство.

Во редот за вакцинација се и граѓаните кои имаат добиено порака преку „Мој Термин“, вчера се имунизираа лицата над 68 години од сите општини од источниот регион, на кој им е пристигната смс порака. Според надлежните, вакцини има, вчера се пристигнати 4.000 од кинеската Sinopharm и 1.000 од Pfizer. Се очекува од утре веќе и да се намали возрасната граница за имунизација на населението од штипскиот регион.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови  27 случаи на заболени од COVID-19. Починаа 19 лица, а оздравени се 192 пациенти. На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 490 пациенти. Има околу 750 слободни кревети во ковид-центрите.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154.725, на оздравени пациенти е 146.043, а на починати е 5.230. Има вкупно 3.452 активни случаи.

Како што информираа вчера од МВР, поради неносење маска на територијата на државава во претходното деноноќие се казнети 469 граѓани, а 16 го прекршиле полицискиот час.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе