Премиера: Volkswagen T7 Multivan

Германскиот производител ја претстави новата генерација на популарното комбе.

Дизајнот на VW T7 Multivan се надоврзува на неговиот претходник Т6, кој се продава од 2015 година, а беше редизајниран на почетокот на 2019 година.

Новото комбе во моментов е достапно само во патничка варијанта, додека сите оние на кои им треба лесно комерцијално возило, сепак ќе можат да го нарачаат VW T6.

Remote video URL

Volkswagen го постави T7 на добро познатата модуларна механичка платформа MQB, која групацијата VW ја користи за многу актуелни модели.

Овој трансфер му овозможи на популарното комбе за прв пат да добие plug-in хибридна верзија.

Модернизираниот надворешен дизајн е придружен со дигитализирана кабина со два големи екрани.

Remote video URL

Во најбогатата и најлуксузно опремена верзија, како што е онаа на промо фотографиите, Т7 има три реда седишта, кои овозможуваат исклучителна удобност на патниците.

Во вториот ред има само две седишта, меѓу кои има централна конзола со масички на извлекување.

Дополнителните опции вклучуваат премиум аудио систем Harman Kardon со 640 вати и 14 звучници.

Најважната иновација во погонскиот систем е воведувањето на plug-in верзија наречена eHybrid.

Погонскиот систем се состои од 1,4-литарски TSI турбо-бензинец и електричен мотор од 85 kW, кои заедно произведуваат 218 КС (160 kW).

За складирање на електрична енергија се користи литиум-јонска батерија со капацитет од 13 kWh, а за пренос на снагата се користи 6-брзинскиот менувач DSG со двојна спојка.

Remote video URL

Доколку не ве интересира електрификација, Volkswagen нуди и класични мотори.

На почетокот на продажбата ќе бидат достапни два бензинци со турбо полнење, послабиот 1,5-литарски со 136 КС (100 kW) и 2,0-литарскиот со 204 КС (150 kW). Турбо дизелот со 150 коњски сили ќе биде достапен следната година.

Датумот на почеток на продажбата и цената ќе бидат објавени подоцна.

Погледнете го Volkswagen T7 Multivan од секој агол во ОВАА ГАЛЕРИЈА.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе