Лидерите на Г20 седнаа на маса. Сепак, пред да почнат да јадат, домаќинот на самитот Јоко Видодо ги претстави претседателот на МОК Томас Бах и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, кои накратко им се обратија на лидерите.
Пет дена пред, како што пишува The Guardian, контроверзниот Мундијал во Катар, Инфантино се залагал за мир во име на фудбалската заедница и повикал на едномесечен прекин на огнот во Украина за време на турнирот.
„Фудбалот е многу повеќе од обичен спорт. Има огромно општествено влијание. Се работи за страст, толеранција, инклузија и едукација.
Бидејќи фудбалот го обединува светот, Светското првенство е можност да ги зближиме луѓето во мир и да уживаме во нешто многу потребно во турбулентното време во кое живееме“, рече Инфантино.