Претседателот на Косово поднесе оставка откако му се потврди обвинението за воени злосторства

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг.

Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов, изјави Тачи.

Тој ги повика народот и политичките субјекти на Косово на единство и умереност, „за да не премине состојбата во уставна или институционална криза“.

– Да останеме обединети бидејќи нашиот успех е слободно Косово. Толеранцијата, почитувањето и соживотот се тие кои ја водат земјата напред. Ниедна одлука не може да ја смени историската вистина, а таа е дека Косово беше жртва, а Србија агресор, порача Тачи.

Тој нагласи дека во Хаг ќе го брани интегритетот на косовската држава и, како еден од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), ќе докаже „уште еднаш дека нејзината борба беше чиста и праведна“.

– Треба да ја зачуваме вербата во внатрешниот дијалог. Ве повикувам и ве молам да верувате во косовската држава, во европско Косово. Вечна благодарност на Соединетите Американски Држави и на државите на Европската Унија. Правдата не се остварува на улица туку со соочување на аргументите. Ова не е збогум, туку само довидување, порача Тачи.

Remote video URL

Само еден час пред Тачи да ја соопшти оставката, и лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен собраниски спикер Кадри Весели, кој е исто така еден од водачите на ОВК и шеф на нејзините разузнавачки служби, објави дека му е потврдено обвинението од меѓународниот трибунал.

Полицијата на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, вчера во неговиот дом во Приштина го приведе и го екстрадира во притворното одделение на Меѓународниот суд во холандската престолнина некогашниот портпарол на ОВК и поранешен спикер на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи.

Утрово за Хаг, откако му беше потврдено обвинението, отпатува и шефот на пратеничката група на партијата Движење самоопределување (ВВ), Реџеп Селими, кој е исто така една од истакнатите фигури на некогашната ОВК.

Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на меѓународниот суд,  кој во косовската јавност е познат како „суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формиран е во 2015 година со одлука на Собранието на Косово, под силен притисок на САД и Европската Унија.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе