Пригожин до Макрон: Со клешти ќе ги извадиме скапаните заби од таа зла уста

Макфакс
/ 11.05.2023 / 09:26

Основачот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, не го криеше гневот од одлуката на францускиот парламент кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација. Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пишува Politico.

На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека Вагнер ги спасува луѓето во Централна Африка од француските војници, кои „едноставно ги исмевале“.

„Со клешти можеме да ги извадиме скапаните заби од таа зла уста. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и воопшто на секој што истура патогена нечистотија за Вагнер“, вели Пригожин.

Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската Унија да ја прогласи Вагнер како терористичка група и да користи повеќе правни средства за да ја блокира финансиската активност на Вагнер во Европа.

ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година.

„Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите“, рече Бенжаман Хадад, пратеник од партијата на Макрон, пред гласањето.

Паравоената група е во голема мера вклучена во битката за Бахмут, град во Источна Украина, кој беше сцена на жестоки борби во последните месеци, според медиумите во светот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе