Пристигнува втората пратка вакцини од Србија, досега вакцинирани 1.274 здравствени работници

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин „Табановце“, со цел да ја преземе втората донација од 8.000 дози вакцини од компанијата Pfizer/BioNTech, соопшти Tanjug.

Првиот контингент од 4.680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин „Табановце“ му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа на средината на јануари.

Со вакцините на Pfizer кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

Последните податоци покажуваат дека 1.274 здравствени работници примиле вакцина против COVID-19. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител Sinopharm. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини Спутник V, најави завчера премиерот Зоран Заев, кој рече дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители.

Владата очекува преку КОВАКС механизмот да пристигнат вакцини од Moderna и од AstraZeneca.

Во исчекување на новите вакцини, епидемиолошката слика и натаму стабилна, со исклучок на градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци каде што, по појавата на британскиот сој на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени. Според вчерашните податоци, бројот на активни случаи во Прилеп е 492, Кавадраци 466, а Охрид 405.  Во Скопје и натаму има најмногу ковид-дијагностицирани и тоа 3.018. Вкупниот број на активни случаи во државата е 6.736.

Вчера беа регистрирани нови 509 случаи од 2.813 тестирања, 9 починати и 354 оздравени пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, а на починати е 3.085.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 658 пациенти со COVID-19. Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети.

Во Скопје во болниците се лекуваат 254 лица, а во ковид-центрите низ државата 404.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Бројот на приеми во изминативе денови во болниците во главниот град е стабилен и има 95 слободни места, информираа вчера од Министерството за здравство.

Модуларниот ковид-центар, кој почна да се гради во Кичево кон крајот на минатата година, вчера ги прими и првите пациенти заболени од COVID-19. Ковид-центарот се протега на 700 метри квадратни и во него можат да се згрижат 45 пациенти.

МВР продолжува со казните за неносење маска. Во текот на претходното деноноќие биле регистрирани 386 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19.

Досега во светот се регистрирани над 112 милиони позитивни на коронавирусот, околу 2,5 милиони починаа од COVID-19, како оздравени се регистрирани околу 88 милиони лица.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Македонија

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Сексуалното образование оди на ревизија

Read more

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Read more

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе