Притвор и мерка за претпазливост за лицата обвинети за измама и лажно претставување

ОЈО во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за две лица заради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ од член 247 став 3 во врска со став 1 од КЗ, за едното лице и „лажно претставување“ по член 391 став 1 од Кривичниот законик, за другото лице.

Како што соопшти Судот, по спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогот за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство.

Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.М. му определи мерка притвор во траење од осум дена, со оглед дека се работи за скратена постапка, додека на В.С. му определи мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд.

Претходно, Основното јавно обвинителство – Скопје информира дека повело постапка против две лица, од кои едното е осомничено дека го сторило кривичното дело „измама“, а другото – „лажно претставување“. Во соопштението на ОЈО беше посочено дека за двајцата осомничени е побарана мерка притвор поради реална опасност од бегство.

Претходно, МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31).

Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик.

Првопријавениот М.М. во текот на 2020 и 2021 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пред оштетените лица лажно презентирал факти дека наводно поседувал информации според кои ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица.

Притоа, за да го увери во вистинитоста на своите тврдења, на еден од наводно осомничените во таа постапка му прикажал Наредба со невистинита содржина, која ја изработил на својот приватен компјутер, за наводно отварање на предистражна постапка од страна на ОЈО за ГОКК, со што го довел во заблуда оштетеното лице.

Тој од него побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката.

М.М. служејќи се со лаги и манипулации го навел оштетениот да му даде 5.000 ЕУР кои ги зел на 03.11.2021 на нивна средба во угостителски објект во Скопје со што го сторил кривичното дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.

Второпријавениот В.С., со намера првопријавениот да прибави противправна имотна корист, на средба која се одржала помеѓу пријавените и оштетениот, лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање, а воедно и истражител во ОЈО за ГОКК, со што му овозможил на првопријавениот да го доведе во заблуда оштетениот дека М.М. има конекции, преку кои можел да издејствува да биде затворена наводната предистражна постапка, со што го сторил кривичното дело „Лажно претставување“, предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе