Продолжува судењето за Меѓународен сојуз, Боки 13 побара од судот да му биде вратен телефонот

Одбраната на тројца обвинети во случајот „Меѓународен сојуз“, меѓу кои и Бојан Јовановски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, истакна дека нема да пристапи кон сослушување на предложените сведоци, односно изведување на вербални докази, сѐ додека не биде овозможено изведување на материјалните докази содржани во телефонот на првообвинетиот Јовановски.

– Сѐ додека материјалните докази во конкретниот случај, единствено содржината од WhatsApp комуникацијата од одземениот телефон на обвинетиот Бојан Јовановски, не биде екстрахирана во законски предвидена форма, и изведена како доказ во оваа постапка, ние како одбрана нема да пристапиме кон давање на исказ на обвинетите како доказно средство кое што го предвидува Законот за кривична постапка, посочи адвокатот Сашо Дуковски.

Тој побара од судот ова барање да не се третира како бранење со молчење.

– Го молам судот без измени и дополнувања, вака како е наведено, да постапува по ова што јас сега го кажав, и би замолил, истото да не се третира како некакво си бранење со молчење или некаква друга правна формулација, затоа и ќе повторам и со тоа завршувам, дека, сѐ додека не се изведат материјалните докази, посочив кои, давањето на одбрана е безпредметно и во ништо нема да помогне за утврдување на фактичката состојба, кажа Дуковски.

Првообвинетиот Јовановски од судот побара да му биде вратен телефонот за кој рече дека ќе му бидат доволни од три до седум дена да бидат екстрахирани податоците, дотолку повеќе што предложените и прифатени сведоци од страна на судот има право како првообвинет да ги презентира пред судот.

– Укажувам и потенцирам на судот дека јас како првообвинет во оваа постапка, не се откажувам од правото на давање на своја одбрана и исказ, апелирам и го замолувам судот да ми овозможи, согласно законските предвидени процедури според ЗКП во смисла на водењето на главната расправа, остварување на секоја предвидена и одобрена фаза од страна на судот во однос на доказната постапка, рече Јовановски.

Тој посочи дека изведувањето на материјалните докази па потоа изведувањето навербалните докази, односно сослушувањето на предложените, па потоа прифатените сведоци од страна на судот, се тесно поврзани со неговиот исказ кој што треба да го даде пред судот како првообвинет во постапката.

Судот на денешното рочиште истакна дека во целост се грижел за остварување на правата на одбраната во постапката и за обезбедување правично и фер судење.

– Токму во таа насока, судот за одбраните на повеќе од обвинетите обезбеди докази од правни лица и институции токму за да одбраната ги употреби во оваа постапка, истакна судијката Софче Гаврилова Ефремова.

Во однос на телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, односно материјалите кои се содржани на телефонот, таа истакна дека тој е одземен и обезбеден во првата постапка која што се водеше против обвинетиот Јовановски, позната како „Рекет 1“.

Таа посочи дека податоците од телефонот на обвинетиот се обезбедени од институција која е овластена, стручна и компетентна и постапува согласно правните правила.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Денешното рочиште треба да продолжи со одбраната на обвинетата Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе