Промени во нозете кои не смеете да ги игнорирате

Случајните болки се дел од животот и стануваат сè почести како што старееме.

Најчесто тие се само иритирачки и непријатни, но некои болки може да укажуваат на посериозни проблеми и бараат лекарска помош што е можно поскоро. Знаете дека болката во градите може да биде предупредувачки знак за срцев удар, но треба да знаете и дека доколку чувствувате болка во ногата, треба да се консултирате со вашиот лекар.

Ако почувствувате оток, болка или топлина во ногата, што може да биде придружено со црвенило на кожата, треба да побарате лекарска помош што е можно поскоро. Тоа може да биде знак за длабока венска тромбоза (ДВТ), згрутчување на крвта што најчесто се развива во ногата.

Зошто ДВТ е опасно?

„Згрутчувањето на крвта може да се развие во вените на нозете и да го блокира протокот на крв во различни делови од телото, во зависност од тоа каде патува згрутчувањето“, вели д-р Шери Рос, гинеколог во здравствениот центар при Providence Saint John во Санта Моника.

„Згрутчувањето може да патува до вашите бели дробови или мозокот и да предизвика мозочен удар. Згрутчувањето на крвта е крајно опасно, дури и смртоносно во некои случаи“.

Фактори на ризик за ДВТ

Експертите велат дека ако нешто од горенаведеното се однесува на вас и чувствувате оток, болка или топлина во ногата, веднаш треба да побарате лекарска помош:

  • Сте патувале во изминатите 90 дена
  • Сте доживеале умерени до тешки повреди, како што се пад, модринка или скршена коска
  • Неодамна сте биле оперирани
  • Користите хормонска контрацептивна терапија или хормонска заменска терапија
  • Неодамна сте имале рак
  • Имате болки во градите, отежнато дишење, несвестица или искашлувате крв
Како да се избегне ДВТ?

„Најдобрите начини за спречување на ДВТ вклучуваат редовно вежбање, контрола на зголемувањето на телесната тежина и дебелината, откажување од пушење и избегнување на подолготрајно седење“, вели Рос.

Експертите велат дека можете да го намалите ризикот од згрутчување на крвта со практикување на здрави срцеви навики. Тие вклучуваат здрава исхрана, редовно вежбање, одржување на здрава тежина и одржување на холестеролот и крвниот притисок во здрав опсег.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе